Овој мал сладок бишон се вика Мона, но, како што можете да завележите, веќе е стасан за одржување. Да се изчисти, да се искапи, да му се направи фризура, а најдоброто одржување, односно груминг за кучињата, може во Прилеп да го најдете во Groomland салонот, кој што се наоѓа во старата ветеринарна станица. Тука со нас е Цвете Станојoска, сопственичка на овој салон, па ќе ни покаже како изгледа едно одржување или груминг на вакво мало прекрасно кученце.

Значи, кога ќе го внесеме кучето во салонот, прво го поставуваме нова маса тука, каде што се прегледува во каква состојба се наоѓа неговото крзно, најверојатно?
Станојoска: Да, точно.
Значи, во зависност од расата, најпрво гледаме во каква состојба е кучето. Дали е редовно одржувано, во каква состојба му е влакното, во каква состојба е хигиенскиот дел, ушите, и се разбира, на крајот е креативниот дел, односно, каква фризура можеме да му направиме на кучето.
Каква фризура може да добие и мал Бишон?
Станојoска: Со оглед на тоа што Мона е редовно одржувана, таа веќе има една почетна фризура, која што само ќе ја поправиме, ќе го направиме хигиенскиот дел, ќе ја искапиме и ќе ги исчистиме ушите.
Колко време функционира салонот Грумленд?
Станојoска: Грумленд функционира веќе една година, од 2024, во јануари. 28 јануари го отворивме салонот.
Како започнате со идејата, да го отворите овој салон за одржување на кучења? Дали претходно имавте некакво искуство?
Станојoска: И ако јас сум љбител на кучиња целиот мој живот, сепак приказната за Грумленд, можам да кажам дека започна во 2016 година, кога живеев и работев во Скопје.
Како што кажав иако, секогаш сакав животнин, кога бев таму заедно со моите прекрасни колеги во Скопје, се грижевме за неколку бездомни животни, за мачиња, за кучиња, некои од нив ги чувавме во канцеларија.
Се храневме секојдневно за нив. Можам да кажам дека тогаш ја добив најголемата блискост со животните. Иако некогаш знае тоа да биде доста тежок процес, на крајот од денот, нели кога ќе си појдете дома и кога ќе си легнете, да знаете дека сте спасиле нечив живот, сте нахраниле некого или сте вдомиле некого, нема поубаво чувство от тоа.
Понатаму, кога се вратив во Прилеп, почнав да работам во Општина Прилеп, во одделението за локален економски развој, каде што таму веќе теоретски навлегов во целиот тој процес и тематика на бездомни животни, бидеќи бев вклучена целосно во отворањето на прифатилиштето, заједно со ЈКП Комуналец, меѓутоа и го напишав акцискиот план и стратегијата на градот Прилеп, која што се надевам, се уште се освојува за работа со бездомни животни. Тоа беше, навистина, огромен едукативен процес за мене. Понатаму, иако кариерата секако ми одеше во друга насока, сакав да правам нешто што ќе ме прави среќна, сакав да научам нешто ново, да се едуцирам за нешто ново, па во 2023 година одлучив дека сакам да научам нешто повеќе за кучињата, бидејќи грумингот, можам да кажам дека не е само креативниот дел, не е само креативниот процес, толку тоа е дел од здравстената заштита на животното.
Тоа е една цела наука. Па така, во 2023 година почнав да барам ментор, односно некој вид на академија, каде што ќе можам да ги научам сите тие процеси. Ѕвонев и барав низ Македонија, меѓутоа по препорака на моите прекрасни пријатели, добив контакт од Зоки Бела Докса, кој се наоѓа во Битола, тој беше мојот ментор 4 месеци и наистина сакам да му се заблагодарам за сето знаење што ми го пренесе и се разбира во тој процес, додека учев се стикнав и со сертификат за груминг.
Процесот на груминг започнува значи со процесот на чистење на ушите на кучето?
Станојoска: Да, ова е дел од процесот, хигиенскиот процес. Се препорачува еднаш месечно ушите на кучињата да се чистат и секако овие раси, бишоните, се подложни доста на инфекцији на ушите, внатре може да забележите дека и му растат влакна, така да мора добро да се искубат и да се истретират, нели да ги избегнеме тие инфекцијии.
Мона е прилично мирно куче. Како ја воспоставувате врската со кучињата кои ќе дојдат, но не се баш толку мирни да стојат на оваа маса? Колко време му треба да се смири на сосема непознато куче?
Станојoска: Кога прв пат клиент, односно сопственик ми се јавува за да дојде нели со ново куче, мојата препорака е секогаш првиот пат сопственикот да биде заедно тука со животното. Бидејќи така, конекцијата мене и кучето, но јас и сопственикот ќе биде многу поблиска, многу подлабока, и секако, тие ќе створат еден вид на доверба. Исто како и животното, сепак, и сопственикот…
Јас гледам дека малку по малку се поврзуваме.
Станојoска: Да, и сопственикот мора да створи доверба со грумерот, исто како и со ветеринарниот лекар.
Точно така. Навистина, кучињата се мили животенки. Потоа што следува после чистењето на ушите?
Станојoска: После чистењето на ушите, секако го изчеткавме кучето нели на почетокот, за Мона, после чистењето на ушите и кубењето на ушите, следува мало обликување со машинка, и потоа следува целосно завршување на хигиенскиот процес, кој што ќе го направиме заедно, и потоа капење на кучето и на крајот е креативниот дел на фризурата.
Обликувањето на влакната кај секое куче е различен начинот на, како се поминува со машинка? Во однос на влакното или како?
Станојoска: Да, во однос на влакното. Како што кажав, првин секогаш мораме да видиме во која состојба е влакното. Препораката е дека кучето треба, особено овие раси на кучиња, препораката е да се четкаат еднаш во текот на денот. Значи, секојдневно четкање. За овие најзастапени раси, бишони, малтезери и пудлици, кои што се кај нас во нашиот град, можам да кажам дека се препорачува секојдневно четкање, за да можеме и самиот сопственик, но и грумерот да може да одржува една нормална должина на влакното, односно се разбира потенцијално и кучето да се спрема и за на изложба, доколку пошто имаме сопственици кои секако ги носат своите миленици на изложба.
Какви видови на кучиња најчесто носат прилепчани, за да им се направи фризура, да се одржуваат?
Станојoска: Во Прилеп најзастапени се бишони, малтезери и пудлици. Тие трите раси.
Од поголемите раси?
Станојoска: Од поголемите раси, лабрадорите се најзастапени. Лабрадор, ретривер, лабрадор. Меѓутоа за редовен груминг ги носат само малите раси.
Ајде да видиме како изгледа процесот на правење на една фризура.
Станојoска: Ајде. Ова е чистење, односно кубење на ушите. Ова е, во зависност нели од животното,ова е околу 15 минутен процес, во зависност нели колку има влакна во тој месец пораснато кај кучето во ушите и колку време ни е потребно за да го средиме.
Како вид на производи користите за нега на кучињата?
Станојoска: Јас ги користам производите на Artero, која е шпанска светска фирма и постојат од 1907 година. Конкретно за ушите ја користам нивната пудра и понатаму гелот за чистење, кога ќе завршиме со целиот процес на чистење на ушите. Исто така ги користам и нивните шампони, нивните маски, нивните кондиционери. Се со цел најдобра и успешна нели нега на влакното и на кучето.
Некоја интересна случка кога ќе дојде куче, дали можеш да ни раскажеш додека го извршуваме овој дел од хигиената?
Станојoска: Со редовните кучиња имаме стварно преголема блискост овде. Интересни се тие кучиња кои што заспиваат во тој процес на сушење на влакното. Заспиваат или легнуваат и целосно се опуштаат и сакаат да си одат конечно дома. Значи сакам дома доволно е. Тоа се интересни случки.
Потоа започнуваме со стрижењето, најправо започнуваме со хигиенскиот дел, односно хигиенската регија. Сакам да напоменам дека е премногу битно за сопствениците да бидат свесни дека одржувањето на хигиенската регија односно шепите, хигиенскиот дел и ушите е секако пола од здравствената заштита на животното. Се препорачува чистењето на ушите да биде барем еднаш неделно од страна на сопственикот со обичен физиолошки раствор и со памуче особено кај кучињата кој што се склони на добивање на инфекцији. Понатаму секако продолжуваме и со обликовањето на телото. Обликувањето на грбот и на нозете, во зависност од тоа колку влакното е одржано и колку нели дозволува влакното да се работи со машинка, ножици и сл. Процесот на хигиенскиот третман го завршуваме со сечење на ноктите.
Откако го средивме хигиенскиот дел, ги средивме ушите, остануваат ноктите, овај хигиенски третман се препорачува кај домашниот миленик да се прави од 30 до 40 дена.
Потоа за Мона ќе го користиме шампонот Бланк, кој што е за бело влакно и се разбира од фирмата Artero. Овај шампон е концентрат и се раствора 1 на према 10.
Секогаш ја подесуваме водата да биде пријатна за кучето.
Се мие главата или само телото?
Станојoска: Да, се миеја и главата, секако со предпазливост на ушите, бидејќи не сакаме да навлезе вода во ушите на кучето.
Која е опасноста доколку навлезе вода?
Станојoска: Инфекција.
Тоа е специјална ракавица?
Станојoска: Да, користам ракавица за тријање при шампонирање.
Колку месечно треба да се капи едно куче?
Станојoска: Препораките се два пати годишно од ветеринарите. Меѓутоа, за домашните миленици, доколку се користи убава козметика, нормално козметика која што не е за луѓе да напоменам, бидејќи многу од сопствениците и користат козметика која што е за луѓе. Тогаш може и еднаш месечно.
Хигиенскиот дел да се мие два пати месечно и, се разбира, пределот кај нозете може истотака да се мие почесто.
Сега на Мона ќе и ставиме и протеинска маска на Артеро за регенерација на влакното и секако контролирано одржување. Маската мора да постои 3 до 5 минути и потоа следува плакнење пред да преминеме на користење на другите препарати за убавина. Самото капење на кучето, сега користиме кондиционер, балсам за влакното, распрскуваме и оставаме да постои 2 до 3 минути за да можат балсамот и кондиционерот да се впијат во кожа. Потоа продолжуваме со четкање.
Од самиот кондиционер, од маската, сите тутки кои што предходно се формирале во пределот на главчето, се одстрануваат со помош на препаратите. Сега поставуваме околу ушите, за да не и смета фенот на Мона, како една заштита околу ушите.
Откако ја искапивме, ја исушивме Мона, сега следува онај креативен дел каде што треба да ја направиме фризурата. Сакаш фризура? Ајде да видиме. Веќе е оформена онаа позната топка која што ја имаат бешоните.
Станојoска: Да, само ја одржуваме кај Мона. На секој месец и пол ја одржуваме оваа фризура, а хигиенскиот дел го правиме на 30 дена, редовно, целосен хигиенски.
Ова се специални чешли?
Станојoска: Да, овие се специални чешли, специални ножици коишто се употребуваат во грумингот.
Колку време ви требаше да го научите овај дел од грумингот, односно правењето на фризурата, креативниот дел?
Станојoска: Па, за креативниот дел нема да лажам, значи беше малце потешко и требаше, нели нормално, повеќе време, од прилика околу шест месеци за целосно да се усовршат тие фризури кои што собствениците ги бараат кај кучињата.
На самиот крај, кога завршивме целосно со груминг третманот, ставаме дефендер, односно гел против, односно маст против распукување на шепите и завршуваме со парфем, наменет за кучиња.
Ова е крајот на грумингот и можете сами да забележите колку прекрасна фризура и уредување доби бишонот Мона. Кои се препораките кои што би им ги дале на сите љубители кои што имаат домашни миленици за ова лето?
Станојoска: Па, со оглед на тоа што нели се приближува летото, редовен хигиенски третман и редовно четкање и редовно одржување на крзното. Крзното не служи кај животните само за заштита во зимските услови, но и во летните. Значи крзното штити и од топлина. Затоа со редовен груминг третман и одржување, нема да има потреба од кратко стрижење на влакното, ќе може да се прави убава фризура и секако животните ќе изгледат супер во текот на летото кога сопствениците ќе ги шетаат.
Сите који што сакаат нивните кучиња да изгледаат вака и да добијат навистина ваков прекрасен третман, како може да ве контактираат, да ве добијат?
Станојoска: Јас се најдувам во ветеринарната клиника во Прилеп, може да ме контактирате на моите профили на Фејсбук и Инстаграм, но и на телефонскиот број 077 540 919. Исто времено пред летото, моја топла препорака до сите граѓани е да ги заштитите своите животни и да ги прочистувате од ендо и екто паразити.
Прилепчани и сите љубители на кучиња, не се мислете, пред почетокот на летото, дојдете во Грумленд салонот и добијте вакво прекрасно одржување на вашето милениче.