Комисијата за заштита која што го контролира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики досега има оформено 45 предмети и изречено казни од над 200.000 евра. Според заменик министерот за економија Марјан Ристески вели дека за да се заштитат граѓаните казнената политика ќе продолжела со несмалено темпо, а до крајот на летото се очекува зголемување на казните и до 10 пати, како и доуредување на дел од законот.
„Треба да има техничко доуредување на договорите помеѓу добавувачите и трговците. Ќе има одредени промени, но најголемите промени се очекуваат во однос на казнената политика каде се што е предвидено и 10 кратно зголемување на казните. Казните сега најногу изнесуваат 20.000 евра во зависност од големината на трговците, а додека пак со новите законски измени кои ги очекуваме до крајот на летото, да бидат 10 кратно повисоки за сите оние кои ќе го изигруваат законот на грбот на производителите, добавувачите и граѓаните“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија ни труд.
При крај било и донесувањето на Оперативниот план кој и оваа година се очекувало да тежи 40 милиони евра и да донесе голем бенефит за граѓаните. Лани услугите и мерките на овој план ги искористиле над 12.000 граѓани, од кои 2.600 биле дел од мерката за самовработување.
„Целта на оваа Влада и на Министерството за економија и труд е преку разни активни мерки од Министерсвото за економија и труд и Оперативниот план преку АВРМ, да им овозможиме на граѓаните да го употребат својот претприемачки дух, да отворат сопствени бизниси или се вработат во постојаните претпријатија. Така што да не дозволиме да заминуваат од државата како што тоа се случуваше масовно во претходните години“, додаде Ристески..
Оперативниот план со сите негови мерки се планира целосно да започне да биде активен од месец јуни.