Граѓанска еко акција „Да си го исчистиме градот“ – локација Селце, недела 11 април

 

 

Прилепчани повторно со граѓанска еко акција. Овој пат локацијата е Селце, оваа недела, 11 април во 12 часот.

Вклучете се и вие, за почист, поубав град!

 

„Да си го исчистиме градот.

Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме Еко Свеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП.

После првата успешна акција на 28ми каде Марковите Кули блеснаја во првобитната убавина да ја подолжиме оваа интенција со следна локација.

  1. Локација Маркови Кули – Исчистено!

Следно:
2. Локација Селце 11.4.2021
Две места за собир:
1. Подвожнакот
2. Манастирот

Една група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот.
Добредојдено е ако споделите на стори и на зид!
Еден поинаков краток излет.
Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!
Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција.

Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер.

Протоколите за Ковид да се почитуваат“ – стои во написот за настанот на Фејсбук.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци