Пијан возел нерегистриран мотоцикл, излетал од патот, се повредил и завршил во прилепската болница

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилепската полиција синоќа, три и пол часа по полноќ, добила пријава за несреќа со повреден во селото Крушеани.

„Во с. Крушеани, општина Кривогаштани, 54-годишниот Г.М. од с. Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР

По целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе пријава против пијаниот возач.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци