Качиле девојка на запрежна кола и ја допирале по телото, уапсен 14-годишен малолетник од Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Малолетник е приведен во Прилеп откако е осомничен дека заедно со уште едно лице допирал 20-годишна девојка по телото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година, на улицата „Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 14-годишен малолетник од Прилеп.

Тој бил приведен по претходна пријава дека околу 00:30 часот, заедно со уште едно лице, качиле 20-годишна прилепчанка на запрежна кола и ја допирале по телото.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци