„За поубав Велигден на ранливи категории на семејства“, хуманитарна акција во Крушево

Kнижeвната група на Крушево заедно со Црвен крст Крушево и црквите во склоп на Неделата на солидарноста денес во Крушево организираат хуманитарна акција за собирање средства за ранливи категории на семејства. Акцијата се одвива со продажба на велигденски јајца и книги.

„Целта на оваа акција е со цел да се направи Велигден поубав на семејствата од ранливите категории. Во оваа прилика го честитаме Велигден и посакуваме убав празник за сите наши граѓани“, вели Ирена Блажеска, член на организацијата која ја организира хуманитарната акција.

Покрај купувањето на книги и јајца, дел од Крушевчани оставаат и храна која ќе се подели на социјално ранливите семејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира