За 1 ден попишани над 6000 нашинци, вкупно 143 755

 

 

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, заклучно со денес, 25ти март до 8 часот, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и  census2021.stat.gov.mk. Во однос на претходниот ден, над 6000 нашинци го искористиле правото да се попишат.

„Бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст. Ги повикуваме сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право, а сè со цел да покажеме колку сме и каде сме и што татковината може да направи за нив“ – стои на официјална страна за пописот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира