„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 24 јули 2026 од 19.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На Вечерта ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба -24“, Здружението на пензионаери – Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“.