МВР со соопштение апелира за внимантелност – зголемена појава на измами на интернет

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци.

Фишинг – нападите најчесто се изведуваат преку лажни електронски пораки, веб-страници или пораки на социјалните мрежи, кои изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како што се банки, државни институции или познати компании.

Воедно, Ве информираме дека е забележана појава на достава на лажни фактури за уплата на парични средства на електронските адреси на вработени во правни лица кои се овластени за истото, во име на управителите на правните лица но од лажни електронски адреси.

МВР апелира до граѓаните да не се отвораат линкови или прилози од сомнителни е-пораки, да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да не се внесуваат лични податоци (кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички) на сомнителни веб-страници, да се користи двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на сметките и пријавете сомнителни пораки кај надлежните институции или во вашата банка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи