ВИДЕО- Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени, земјоделците бараат обештетување

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Над 1.500 хектари се погодени во општините Прилеп и Долнени во големото невреме кое вчера доцна попладнето го погоди овој регион. Силен дожд, ветар и град со големина на орев направија вистински пустош на тутунот, пиперките, царевката и другите култури. Земјоделците се пожалија дека држвата нема никаков систем за заштита од вакви невремиња.


Мислам дека посебно градинарството нема назад враќање, тоа е завршена работа, парите се исфрлени, не можеме да се вратиме. Кај тутунот најдобрите берби, 3 и 4 рака е целосно уништено. Како оштетени јас мислам дека државата треба целосно да не обештети, ние сме колатерална штета на државата. Нашето небо беше заштитено од овие градоносно облаци, на времето со ракети, потоа со авиончето“, истакна Љупчо Бумбароски, земјоделец од с. Големо Коњари.

 

Живееме од тоа, јас живеам исклучиво само од тутун.

Колку имаш тутун, пиперка…?

10 декари имам тутун и пипер имам пола декар“, додаде друг земјоделец

Се пожалија и тоа дека осигурителните компании не сакаат да им го осигураат родот.

Не ми осигуруваат, а ако осигуруваат, осигуруваат по декар, тон и пол на 20 денари… срамота. Не дај Господ да те мавни град, може да ти дадат некој денар колку да ти вратат тоа што треба да го платиш таму, а сега веќе ниту те бараат.

А за тутунот?

За тутунот нема никакво осигурување, не знам дали има некој осигурано“, додаде Бумабароски.

Земјодлеците ги посетија и од Општина Прилеп од каде ветија дека ќе се формира Комисија за утврдување на штетите.

Ќе се направи записник и истиот записник ќе се достави до Владата која е надлежна да разгледува вакви извештаи и да определи висина на надомест на штета на овие земјоделци овде“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 Огромни штети има и во долненските села Заполжани, Новоселани и Дебреште.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци