Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа наврна во Крушево со 41 литар на метар квадратен, 26 Охрид, 24 Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, Маврови Анови, 14 Претор, Пожаране, 13 Штип, 11 Битола, Кавадарци, 10 Демир Капија, 9 Тетово, Попова Шапка, 6 Скопје-Петровец, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 22 степенa.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи