Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Шумската полиција – Прилеп ги известува граѓаните дека, согласно согласноста дадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 01.07.2026 година до 31.08.2026 година се воведува целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата на Република Македонија, поради зголемена опасност од појава на шумски пожари.
„За подрачјето со кое управува ЈП „Македонски шуми“ – Подружница „Црн Бор“ – Прилеп, движењето во шумите ќе биде дозволено исклучиво со писмено одобрение издадено од подружницата. Согласно член 106 од Законот за шумите, за физички лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума или шумско земјиште спротивно на забраната, е предвидена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за заштита на шумите и спречување на шумските пожари“, велат од Шумската полиција во Прилеп.