ВИДЕО- Изложба на стари ракотворби на Здружението за хуманитарна и социјална акција „Преродба“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Здружението за хуманитарна и социјална акција Преродба од Прилеп годинава одбележува 20 години од своето постоење. Во текот на оваа година предвидени се повеќе активности помеѓу кои и оваа изложба на  различни ракотворби, некои стари по 100 и повеќе години, кои беа исзложени во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Посетителите имаа можност да погледнат разни чаршави, перничиња, везеници, миленца и други плетени украси со кои некогаш се декорирале домовите, а сега се само потсетник за едно време кога сите вакви работи се создавале рачно и не се купувале од продавница.

„Изложба на етно експонати, ракотворби, слики и книги од членки од здружението, дел од нашите членки, дел од нивните мајки, нивните баби и сето она генерациски што сме го пренесувале низ годините на поколенијата. Целта ни е да пренесеме на помладите генерации она што е нашето изворно, она што не одбележува како народ, она што сметаме ние како генерација дека треба да се задржи и да се пренесува и понатаму, она што е обележјето на нас како Македонци, изјави Лилјана Ѓорѓиеска, претседателка на здружение Преродба Прилеп.

Овие ракотворби сега за жал скоро и никој да не ги работи. Нешто како за хоби или релаксација плетат постарите членки на Преродба, но и тие поретко. Конзумеризмот денес си го направи своето. Така што рачните изработки не се ценат многу, а целиот ваков асортиман на производи се купува.

Навистина богата е изложбата, дел од нив се плетени, дел се везени, дел имаме она што ние, еве јас како генерација не сум го работела, но го работела мојата баба, се вика стределак за креветите, се постилало на креветите. Тоа го имам јас пренесено, јас сум четврта генерација што го имам, многу ми е мило и сакам да го пренесам и понатаму. Има и плетени работи, книги, слики, сето она наше богатство кое го извадивме од касељите на нашите баби и мајки“, додаде Ѓорѓиеска.

По повод 20 годишниот јубилеј Преродба до крајот на годината ќе одржи и Меѓународен концерт, хуманитарна акција, а ќе издаде и монографија за друштвото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци