Новите сателитски снимки покажуваат остатоци од древна река на Марс

Нови слики од Марс откриваат дека на Црвената планета постоеле древни реки, што укажува дека таму некогаш постоела повлажна и потопла клима, пренесува Independent.

 

Снимките се направени од сателитот Mars Express на Европската вселенска агенција. Тие покажуваат траги кои на површината на планетата се направени од древен систем на река. Долините се формирале онака како што се формираат на Земјата, со силен проток на вода кој го пробива патот низ пределот.

 


 

Тоа што е помалку јасно е од каде доаѓа водата. Поради недостаток од познавања за климата на Марс во минатото, научниците не знаат дали е тоа поради подземните води, топењето на ледот или нешто трето.

 

Денес нема вода на површината на Марс, но вакви откритија укажуваат дека планетата некогаш имала многу потопла и повлажна клима. Секое откритие поставува дополнителни прашања за минатото на планетата и научниците сакаат да откријат дали на Марс постоеле услови за живот.

 

Следната година Европската вселенска агенција во соработка со руската Роскосмос ќе имаат заедничка мисија со цел да го дадат одговорот на прашањето дали некогаш постоел живот на Марс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци