Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година


Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица, даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот, започнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година.

Во текот на 2024 година, Општина Прилеп достави опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на општината. Бидејќи рокот за подмирување на овие обврски е веќе истечен, Општината ќе започне со изготвување на Решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници и до носителите на платен промет (деловните банки).

Со цел да се избегне блокирање на сметките и настанување на дополнителни трошоци, ги повикуваме сите обврзници кои имаат заостанати и неплатени обврски по овие основи, итно да ги подмират своите обврски.

Со почит, Општина Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи