Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во пожарот што избувна вчера околу 21 часот во Ковид-центарот во Тетово.
„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување“, напиша Пендаровски.