Поскапуваат горивата – Регулаторна го објави новиот ценовник

Facebook
Twitter
Email
Print

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат половина, односно еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

 

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар на 72 денари.

 

Бензинот еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за 1 денар. Со тоа, новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари за литар, на дизелот 63,50 денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство 52 денари.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 денари за килограм и со тоа цената на мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ ќе изнесува 34,377 денари за килограм.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци