Приведен висок полициски службеник од Прилеп, во акцијата на МВР во која е запленета дрога

 

Во големата полициска акција во којашто е запленета дрога во вредност од над 800.000 евра, а е спроведена заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА и за која објави и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, приведен е висок полициски службеник од ПС Прилеп.

Овие информации се неофицијални и засега не се потврдени од Министерството за внатрешни работи .

Од таму само велат дека акцијата уште трае и дека со повеќе детали ќе излезат утре.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира