Проектот: „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“ ги оствари своите поставени цели и резултати

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Управниот комитет во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија после две годишна работа заклучи дека ова беше успешен проект за промоција на младите и зголемување на нивниот активизам и соработка со општините и локалните политичари.

Како посебно успешни и влијателни активности беа истакнати Младинскиот летен камп, подготвените проекти и нивната успешна реализација. Се заклучи дека младите имаат интерес за проектен менаџмент и дека после тренингот имале успешна работа во своите училишта. Проектите кои ги реализираа сите училишта се за подобрување на условите за работа на младинските тимови и учењето на учениците. Беше потврдена успешата соработка со локалните политичари, односно Отворените дебати и предадените предлози до општините. Како успешна беше отценета и посетата на младинските тимови на Собранието на Република Северна Македонија.

Младинските тимови и после завршувањето на проектот ќе продолжат со работа во своите училишта, а Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп ќе продолжи да ја промовира и стимулира работата на младите од една страна и развојот на локалната демократија од друга страна.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира