Во недела, на 18 мај, во храм „Св. Петка“ во Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „Монахот Калист“ од авторот Миливој М. Јовановиќ која што е вистинско духовно и книжевно откровение – досега со 75 изданија и важи за една од најчитаните книги на Балканот.

Од орањето земја, преку боиштата на Првата светска војна, до пештерата на Змискиот Остров во Преспа – ова е животната приказна на еден човек кој бил и земјоделец, и војник, и монах, и самотник, и градител, и игуман…
Првпат на македонски јазик, преведена од Тихомир Јанчовски, познат поет, колумнист и преведувач, кој ќе биде промотор на прилепската промоција – пред официјалната промоција во Скопје.
Ве покануваме на ова посебно духовно и културно доживување во Храмот „Св. Петка“ во Прилеп, во недела, 18 мај во 19:00 часот. Книги ќе бидат достапни за набавка на самата промоција.