Денес во 13 и 50 часот во Центарот за социјални работи Прилеп се случи немил настан, при што беше застрелано женско лице вработено во институцијата.
Имено, маж влегов во нејзината канцеларија и испукал 2 куршуми кон неа, неофицијално нанесувајќи повреди во пределот на стомакот и главата.
Од блиски лица неофицијално дознаваме дека вработената во повеќе наврати била вознемирувана и трпела закани од осомниченото лице, за што биле известени и институциите.

Тешко повредената во моментот е во Општа болница Прилеп, додека осомничениот е приведен во полициската станица во Прилеп.
Со подетални информации подоцна во текот на денот.