Работник од Турција тешко повреден при несреќа во рудник кај Небрегово

 

Државјанин на Турција се здобил со тешки телесни повреди при работна несреќа што се случила во рудник во селото Небрегово, во општина Долнени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 јули околу 17 часот во ОВР Прилеп. При извршување на работните задачи, 39-годишниот К.С. од Турција изгубил рамнотежа и паднал на мермерна подлога.

Во несреќата работникот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош од екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци