ЧЕ ВРЕДИ: Електронски систем за прием на барањата на граѓаните и следење на работата на административните работници

Ќе воведеме електронски систем за прием на барања и можност за следење на работата на административните работници врз предметите од страна на барателите. Велат во соопштениет од граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ .

„Систем кој овозможува заведување на барањата на граѓаните, автоматска распределба на предметите на административните службеници, следење на движењето на предметите, управување со документите, заведување на ургенциите, поплаките, жалбите и тужбите против одлуките на општината и создавање складиште на статистички податоци за евалуација на квалитетот на одлуките на општинската администрација и стручноста на административните работници.

– За да нема оправдувања и изговори за нерешените барања со месеци и години

– За навремено да ја детектираме нестручноста и неработењето на општинската администрација

– Навремено да извршиме професионална селекција на администрацијата

– За администрација која знае и која сака да работи

– За департизација и неселективност во извршување на јавните услуги

ЗА ТАКВА АДМИНИСТРАЦИЈА #ЧЕВРЕДИ“, велат од ЧЕ ВРЕДИ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира