Авто Контрол по кој знае кој пат повторно ја покажува на дело својата хуманост и општествена одгтоворност

Станица за технички преглед Авто Контрол од Прилеп по кој знае кој пат повторно ја покажува на дело својата хуманост и општествена одгтоворност како компанија. Овој пат тие донираа лаптоп на Детското одделение во прилепската општа болница.

„Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата Борка Талески од нашиот  град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата“, истакна Даниела Перканоска, Станица за технички преглед Авто Контрол.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи