Азири: Ги разбираме нашите сограѓани и ние се бориме за местото на албанскиот јазик во Уставот

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во гостување во Утрински Брифинг, пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири вели дека тие се уште немаат одлука поврзана со резолуцијата и додава дека се работи за исклучително важен документ кој се однесува на иднината на државата.

„Ние како Албанци потполно ги разбираме нашите сограѓани македонци дека сакаат да се стават во одбрана на својот јазик во својот етнички идентитет, истото што ние го правиме со години наназад, и ден денеска ние се бориме за местото на албанскиот јазик во државата, во Уставот, загарантираноста во употребата на албанскиот јазик… Наша грижа е дека приоритетите на албанскиот народ во Македонија, претпоставувам и на сите граѓани во оваа држава е евроинтеграцискиот процес особено затоа што ние сме зависни од ЕУ, зависни од Западот и нашата иднина ќе зависи од Европа од НАТО од САД. Она со што никако не би се сложиле е да се пролонгира и да се загрозува евроинтеграцискиот процес“, изјави за УБ пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири.

Извор: Слободен печат

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми