Пошумувањето може да се искористи за да се отстранат ефектите на уништувањето на шумите или да се подобри квалитетот на човечкиот живот со впивање на загадувањето и прашината од воздухот, обнова на природните живеалишта и екосистемите, ублажување на глобалното затоплување.
Во почетокот на 21-от век се посветува поголемо внимание на можноста дека пошумувањето може да ги ублажи климатските промени и дека можеби е еден од најдобрите методи за да се направи тоа.
На ден 31.10.2021год. (Недела) со почеток од 10:00ч ќе се одржи пошумување во околината на манастирот св.Димитрија во с.Селце.
„Придружете се кон глобалната акција за пошумување и борба против климатските промени – Оставете „зелена трага“ во природата!
Ве повикуваме да се приклучите кон оваа акција за пошумување.
Сите заинтересирани со себе треба да понесат личен алат, и да се пријават.
После пошумувањето следува топло гравче во манастирот.
Лице за контакт:
Диме Велески 070 564 425
Дарко Неданоски 078 520 792“, стои во соопштението од организаторите.