АМС ги објави номинациите за 2020: Пандев за спортист на годината

Facebook
Twitter
Email
Print

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги номинираше најдобрите спортисти, федерации и репрезентации за 2020 година.

 

 

Во категоријата за број еден спортист се најде капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев. Покрај капитенот номинирани се Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).

 

 

Подолу погледнете ги сите номинации:

 

 

  1. Спортист на годината

Номинација 1: Горан Пандев – фудбал;

Номинација 2: Дејан Георгиевски – таеквондо;

Номинација 3: Емил Павлов – карате;

 

 

  1. Спортистка на годината

Номинација 1: Вероника Костовска – карате;

Номинација 2: Дрита Ислами – атлетика;

Номинација 3: Рејчел Стојанов – ритмичка гимнастика;

 

 

  1. Млад спортист на годината

Номинација 1: Роберто Ацковски  – карате;

Номинација 2: Адријан Аземи – бокс;

Номинација 3: Димитар Јованоски – триатлон;

 

 

  1. Млада спортистка на годината

Номинација 1: Магдалена Божиноска – карате;

Номинација 2: Сара Велкова – фудбал;

Номинација 3: Александра Симева  – тенис;

 

 

  1. Најуспешен национален тим

Номинација 1: Фудбалски национален тим;

Номинација 2: Ракометен национален тим;

Номинација 3: Одбојкарски национален тим;

 

 

  1. Најуспешен спортист на лице со инвалидитет

Номинација 1: Владимир Тркаљанов –  шах;

Номинација 2: Андреј Стојаноски – пливање;

 

 

  1. Најуспешен тренер – селектор

Номинација 1: Игор Ангеловски – фудбал;

Номинација 2: Борче Костовски – таеквондо;

Номинација 3: Сашко Арсовски – карате;

 

 

  1. Најуспешна национална спортска федерација

Номинација 1: Фудбалска федерација на Македонија;

Номинација 2: Македонска Таеквондо Федерација;

Номинација 3: Карате федерација на Македонија;

Номинација 4: Ракометна федерација на Македонија;

Номинација 5: Одбојкарска федерација на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира