Антикорупциската комисија отвори постапка за собирање на дополнителни информации околу набавката на кинеските вакцини и доколку има елементи да се отвори предмет.
„Според мене во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство. Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“, изјави претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
Премиерот Зоран Заев ги отфрли обвинувањата за незаконско дејствување при набавката на кинеските вакцини, објавени во италијанскиот весник „Ла верита“.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)