Во периодот што следува со повисоки температури се зголемуваат и потенцијалните опасности за настанување пожари на подрачјата каде што има бујна вегетација. Во периодот што следува ќе се зголеми и раздвиженоста во природата и поради тоа неопходно е одговорно однесување на секој поединец.
Секторот за внатрешни работи Битола апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во поле и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња.

Покрај ова, на оние кои за време на викендите ќе престојуваат на излетничките, односно туристичките места во регионот, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои многу брзо можат да се прошират и да предизвикаат материјални и други последици.
„На граѓаните, исто така, им советуваме на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар.“
СВР Битола предупредува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до осум години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
Секторот за внатрешни работи Битола презема превентивни и други мерки за навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје