
Драги хумани луѓе, во страшен пожар кој се случи на 26 мај 2025г, целосно изгоре куќата на Билен и Ѓулистана Џемаилоски од Прилеп, оставајќи ги без покрив над глава и без основни средства за живот.
Семејството во моментот се наоѓа во тешка состојба и има итна потреба од:
- Облека и обувки (за возрасни и деца женско 9год и машко 4год)
- Храна и средства за хигиена
- Постелнина, ќебиња и основен мебел
- Финансиска помош за обнова на домот
Секој ваш придонес, колку и да е мал, значи надеж и поддршка за ова семејство кое изгуби сè во еден момент.
Донации можете да уплатите на: Жиро сметка: 210501734948354
Назив на примач: Филип Стојаноски – ( наведената особа излегува во пресрет, бидејќи сите документи на семејството се опожарени)
Цел на дознака: Помош за семејството чиј дом изгоре
За донации во вид на облека, храна или други потребни работи, јавете се на: 078/230-041, Панде Николоска – Директор на ООУ „Добре Јованоски“.
Да покажеме дека човечноста и солидарноста се живи. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно.