Арсовска: Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Сојузот на стопански комори на Македонија е дел од официјалната делегација на Претседателот Стево Пендаровски на Република Хрватска. Во рамките на посетата Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска учествуваше на работна средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како во официјалната програма со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена, при што отворени се можности за инвестиции од областа на индустриското производство, како и можности за развој на туризмот меѓу двете земји” истакна претседателот на ССК Арсовска.

Дел од делегацијата на Сојузот се и потпретседателот Драган Митковски, Претседателот на Индустриската комора Трајан Ангеловски и  Претседателот на Туристичко угостителска комора на Македонија Владимир Граматиков.

Претседателот Пендаровски  посебен фокус во рамки на официјалните средби посвети на економската компонента, со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави и овозможување раст на трговската размена. Во рамки на дводневната посета претставниците на Сојузот на стопански комори учествуваат на билатерален деловен форум на високо ниво со претставници на Стопанската комора на Хрватска, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира