„Ајде да си зборуваме за растенија“ – Изложба од Елена Димоска во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


„Ајде да си зборуваме за растенија“ е насловот на изложбата од уметницата Елена Димоска Николоска, што беше отворена синоќа во Ликовната галерија при ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.

На првата самостојна изложба оваа млада уметница, рече м-р Каролина Мицевска, новинар, се претставува со дела на кои се истражува убавината и упорноста на природата, наспроти човечката летаргичност и занемарување.

„Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината.Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на напуштени места, трансфирмирајќи ги во живописни градини и шуми“, рече  Елена Димоска Николоска.

Уметницата има дипломирано на ФЛУ Скопје, каде наскоро треба да магистрира. Има реализирано повеќе групни изложби, а работи како професор по ликовно образование во училиште во Прилеп.

Изложбата е дел од годишната програма на ЦК”Марко Цепенков” поддржана од Министерството за култура и туризам.

 

\

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми