Без виза влегуваме во 129 земји – Македонскиот пасош 40-ти меѓу светските патни исправи

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонскиот пасош се најде на 40. место во светот според новото рангирање кое го спроведува консултантската компанија „Henley & Partners“. Истото место, Македонија го дели со Црна Гора и Маршалските Острови.

Во регионот, од македонскиот пасош послаби се патните исправи на Албанија и на Босна и Херцеговина (на 43 место со безвизен режим за 123 земји) и на Косово (63 место и влез во 80 земји). А подобри се пасошот на Грција, шесторангиран поради слободниот влез во 189 земји, на Словенија е десетти (185 држави), хрватскиот 11-ти (184), бугарскиот 15-ти (178) и српскиот е на 34-та позиција со можност без виза да се патува во 139 држави.

Од 227 држави и територии во, границите на 195 без проблем се креваат за имателите на сингапурскиот пасош. Поради тоа патната исправа на Сингапур е на првото место и се смета за најмоќна во светот.

Со јапонски пасош може без виза да се влезе во 193 земји и е на втората позиција. Третото место го делат Финска, Франција, Германија, Италија, Јужна Кореја и Шпанија (192). На четврто се Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска (191). Петтата позиција е за пасошите кои обезбедуваат безвизно патување во 190 држави – на Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и на Велика Британија. Шести се патните исправи на Австралија и Грција (189), седми на Канада, Малта и Полска (188), осми на Чешка и Унгарија (187).

Американскиот пасош на деветото место, а на амерканските државјани не им е потребна виза за влез во 186 земји. Исто како и на имателите на естонскиот пасош.

Во топ десет се и патните исправи на Летонија, Литванија, Словенија и Обединетите арапски емирати, со кои без проблем се патува во 185 земји.

Државјаните на Авганистан без виза можат да посетат само 26 земји, па нивната патна исправа е на последното 106 место. Едно место подобро котира пасошот на Сирија (27 земји), а на 104-то е на Ирак, чии жители без визи двлегуваат во 31 земја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи