Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ се менуваат цените на горивата.

Имено, согласно најновата одлука бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар.

Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми