12-та година по ред неофицијалната хуманитарна организација „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“ која работи во состав на црквата Свето Благовештение во Прилеп и за овој Велигден ја организира традиционалната хуманитарна акција. Во сите цркви во градот се поставении специјални црвени кутии каде граѓаните можат да донираат парични средства.
Со собраните средства ќе бидат купени прехрамбени производи и други намирници кои ќе им бидат донирани на оние на кои им е најпотребна нашата помош.
Исто така освен парични средства граѓаните можат да донираат и прехрамбени производи кои што не зависат од температурата на чување и не се лесно расипливи.
Во акцијата како и секоја година со свои донации учествувата и голем број компании од нашиот град.
Ајде сите да ја покажеме нашата хуманост на дело за празниците кои следуваат во границите на нашите можности и во границите на условиите кои ги налага криизната состојба во нашата држава!
