Благој Рујаноски Стојаноски од Прилеп освои бронзен медал на Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција која се одржа во Љубљана, двајцата натпреварувачи од Македонија, Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал, соопшти на својот профил на Фејсбук македонскиот амбасадор во Словенија Горан Милевски.

„Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески. Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија“ – напиша амбасадорот Милевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми