Боки 13 е спроведен во затворот во Идризово

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Бојан Јовановски – Боки 13 од синоќа е спроведен во затворот во Идризово каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна во случајот „Рекет“.

Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје вчера во целост ја потврди првостепената пресудата за овој предмет донесена во Основниот кривичен суд.

Наредбата Јовановски да биде префрлен во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од кривичен откако во судот денеска пристигнала одлуката на апелација со која се потврдуваат казните.

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, пак, ќе треба да издржи затворска казна од 7 години. Таа во моментов се наоѓа во куќен притвор во родната Гевгелија, а наредбата за нејзин спровод ќе ја даде судија за извршување санкции од гевгелискиот основен суд кој ја има надлежноста со оглед дека таму е нејзиното место на живеење.

Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми