Бочварски: Новиот закон за легализација е во постапка на прикачување на ЕНЕР


Новото законско решение за бесправно изградените објекти е во постапка на прикачување на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Кога ќе биде поставен ќе може да се ставаат коментари и сугестии од сите засегнати страни, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Ние ги направивме сите консултации, почнувајќи од 25 мај до денес, веќе 2 месеци разговараме со сите засегнати страни, потоа законот ќе се дискутира и на седница на Влада, а потоа ќе оди во Собрание по редовна постапка и ќе се дискутира во Собрание, така што сметам дека преуранети се сите дискусии и не би сакал пред да се објави законот да дискутирам за кое било прашање, не заради тоа што нешто криеме туку заради тоа што сметаме дека треба да излезе во процедура, а потоа да можеме член по член да дискутираме за овие законски одредби и постапки“, рече Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира