Прилепските параглајдеристи, браќата Мартин и Борјан Јованоски вчера направија нов македонски рекорд прелетувајќи 231 км. на дестинацијата : Крушево – Гостивар – Трескавец – Преспа кон грчка граница – назад кон Крушево – Богомила и слетувајќи во атарот на Секирци. Летот траел 8 часа и 38 минути.
Освен овој, Јованоски, запишаа уште еден нов македонски рекорд, а тоа е најдолг лет во дисциплина ФАИ Триаголник – 203км.
Екипата на Инфо Компас им посакува уште многу успеси.
