Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус и сите се со лесна клиничка слика. Од заразната болест оздравеле 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 120, од кои 96 се наоѓаат на домашно, а 24 на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 478.
