
Во петок, на 23 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот, а по повод чествувањето на празникот на светите браќа Кирил и Методиј – македонски и сесловенски просветители и рамноапостоли, храмот „Св. Петка“ ќе биде домаќин на свечена прослава заедно со учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.
Настанот ќе се одржи на платото пред храмот „Св. Петка“ и ќе биде збогатен со:
- Хорски и соло изведби на учениците
- Рецитали со духовна и просветителска содржина
- Изложба на ученички творби
- Креативни работилници во духот на празникот
Со овој настан продолжуваме да ја негуваме плодната соработка меѓу храмот и училиштата, покажувајќи дека духовноста, просветата и љубовта кон татковината се темели врз кои се гради иднината на нашите деца.
Ве покануваме сите – родители, наставници, верници и граѓани, да присуствувате и заедно да го прославиме ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј – темелот на словенската писменост и духовност.