
Кога го реновирале станот целиот мебел, инвентар, облека и друг отпад исфрлиле во паркот. Ова е денешната слика од улицата „Петта Прилепска“ во Прилеп.
„Се работи за двајца сторители оној кој го продал станот и оној кој го купил, според информациите од станарите. Несовесните граѓани се пријавени во Инспекторатот“, велат од ЈКП „Комуналец“.