Вакцинацијата и оваа недела се одвива со бавно темпо, Филипче најавува масовна вакцинација од понеделник

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Вакцинацијата на граѓаните и оваа недела се очекува да се одвива со бавно темпо поради недостатокот на вакцини.

Во моментов се достапни околу 15.000 вакцини за првата доза.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека за време на викендот се очекува да пристигнат 500.000 кинески дози од „Синовак“, како и количина на Фајзер преку механизмот Ковакс, кои следниот понеделник ќе биде распределени во 8 центри за вакцинација.

Досега во земјата се вакцинирани околу 240.000 граѓани, од кои околу 200.000 со две дози. Бројот на граѓани кои чекаат за имунизација е околу 180.000.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци