Ван Хол од Белгија целосно ќе го пресели производството во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Ван Хол ја затвора фабриката во Белгија и целото производство ќе го пресели во Македонија. Согласно планот, од оваа 2024 до 2027, 1.100 вработени од матичната земја ќе бидат отпушени, од кои само годинава  850 лица.

Производството за 3 години целосно ќе го пресели во Македонија, а една од причините е ниската цена на трудот, односно 3 пати пониски плати од оние кои ја премаат белгиските работници. Првиот човек на ТИРЗ вели, платите се пониски од тие во Белгија, но се за 20% повисоки од просечната во државата. Дополнително, нашите работниците биле повредни и поквалитетни.

Деспотовски на менаџментот на Ван Хол им ветил целосна поддршка на проширувањето на капацитетите во земјава, бидејќи бенефит од тоа ќе има цела економија. Ќе се зголеми извозот, ќе има нови вработувања, но и македнските компании ќе бидат во плус ако станат нивни добавувачи.

Ван Хол е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик. Пристутна е на македонскиот пазар од 2012 та година. Во момнетов таму работат над 1.000 лица, а 200 македонски компании се нивни добавувачи. Ван Хол е меѓу 5 те најголеми извозници од странските компании во земјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира