Ваучер од 250 евра за секој студент и финансиска поддршка до 30.000 евра за отпочнување на бизнис за млади

Facebook
Twitter
Email
Print


Во Буџетот за 2025 година, Владата планира да им обезбеди пософистицирана средина и успешен образовен процес на студентите и младите, како и соодветна финансиска поддршка при отпочнување на бизниси, информираа од Владата.

„За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади. Обезбедувањето на овој ваучер за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет“, се вели во соопштението.

Финансиска поддршка до 30.000 евра ќе добијат и младите за отпочнување на бизнис, што би било дополнителен стимул за младите да можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови. Целта на Владата преку овие мерки и проекти е да се задржат младите и студентите, односно иднината да ја градат тука во сопствената држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи