Вевчанскиот карневал почнува на 12 јануари

Facebook
Twitter
Email
Print

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Со отворање на Мултикултурниот центар „Коста Србаноски“, на 12 јануари во Вевчани започнува традиционалниот Вевчански карневал. Тридневната карневалска манифестација покрај дефиле на маскираните василичарски друштва ќе има и музичка програма и изложба на фотографии и слики од повеќе македонски автори во Мултикултурниот центар, а со огномет ќе се одбележи Новата година според стариот Јулијански календар.

Со него се соживуваат и активно, сите присутни учествуваат во карневалските поворки сè до крајот, на 14 јанаури, во попладневните часови. Традиција стара дванаесет века, поточно кога Вевчанци го прифаќаат светецот Василиј Велики како заштитник на Вевчани и вевчанските василичари.

Градоначалникот Спасе Кочовски најави настап на македонски пејачи, како поддршка на домашните уметници во време на пандемија. Годинава ќе настапат диџеј Фејс, Жаре Бербер, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски.

„Иако Свети Васлилиј, годинава е во работен ден очекуваме голема посетеност, како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид – 19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски“, истaкна Кочовски.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира