Во руинирана куќа на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ во Прилеп бил пронајден починат И.С. (36) од Велес.
Како што информира полицијата, телото било пронајдено вчера околу 12:30 часот. Од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство.
Извршен е увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
