Христос воскресе – навистина воскресе!
По повод овој голем ден, Христовото воскресение – Велигден на сите православни христијани им посакувам многу здравје, среќа и во мир и благосостојба да ги поминат претстојните Велигденски празници заедно со своите семејства.
Големиот христијански празник Велигден ни дава можност да шириме љубов и позитивна енергија, да се грижиме едни за други, да правиме добри дела, да ја чуваме традицијата, да го негуваме културното и историското наследство, да ја негуваме верата и да бидеме сплотени во зачувувањето на нашиот македонски идентитет.
Посакувам да имате верба, добродушност и искреност во вашите срца затоа што тоа е основата на христијанската вера, сакајте простувајте и во бога верувајте.
Честит Велигден!
Градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.