Вечерва (16.02.2026 година) службениците од Шумската полиција од Прилеп реализираа нова акција на терен на место викано „Пештера“, помеѓу селата Оревоец и Крстец.
„Во 18:30 часот беа затекнати и одземени четири запрежни возила – шпедитери, натоварени со вкупно околу 4 м³ дабови огревни дрва. Дрвата се нежигосани и необележани за сеча, поради што истите се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп. Против лицата кои вршеле превоз ќе бидат поднесени соодветни пријави. Понатаму, во 19:30 часот, на истата локација, беа затекнати лица кои бесправно сечеле дабови стебла. Од истите се одземени две моторни пили, а против нив ќе бидат поднесени пријави за бесправна сеча. Одземената моторна пила е предадена во Основен суд – Прилеп, согласно законските процедури. Шумската полиција продолжува со засилени контроли на критичните подрачја и апелира до граѓаните да не се впуштаат во незаконски активности, бидејќи секоја бесправна сеча и нелегален транспорт ќе бидат санкционирани согласно закон“, информираат од Шумската полиција Прилеп.






