Вечер на унгарски песни и танци на платото пред ЦК „Марко Цепенков“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 7 август 2024, среда од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски песни и танци, што Центарот го реализира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.

На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода од Баја (Унгарија)

Оркестар Јухас

Формиран е во 2000 година. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.

Дуна Танода – фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Дуна Танода е фолклорно друштво  формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална  унгарска народна музика и народни танци. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство претставувајќи ги унгарската култура и традиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира